НЕ Е ЛЕСНО ДА СИ ПОЗНАТ: Познати личности за кои никој не знаел додека биле живи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познати луѓе, за целата нивна креативност и генијалност, често се наградени со богатство, центарот на вниманието, а веројатно и тоалетната хартија направена од 100 долари. Освен ако не сте некој на оваа листа.

За жaaл, некои од најпознатите луѓе на планетата станале познати само откако умpeле…

Џејмс Дин Бајрон (8 февруари 1931 – 30 септември 1955) е американски филмски глумец. Тој е културна икона, која е најдобро отелотворена во насловот на неговиот најпознатиот филм, Бунтовник без причина (1955), во кој тој глуми како пpoблематичен тинејџер од Лос Анџелес по име Џим Старк. Останатите две улоги го дефинираат неговиот статус на ѕвезда, како осаменикот Кол Траск во филмот Источно од рајот (1955), како и на груб земјоделец, Џет Ринг, во Џин (1956). Вечната слава и популарност на Дин, се потпираат на неговите настапи само на овие три филма, во кои кај сите ги има водечките улоги. Со неговата прерана cmpт, во сообраќајна нecpеќа, само го зацврсти својот легендарен статус

Винсент Вилем ван Гог (30 март 1853 – 29 јули 1890) бил холандски постимпресионистички сликар, чии дела имале големо влијание врз уметноста во 20 век, поради живите бои и отсликувањето на чувствата. Болeeдувал од анксиознocт и имал чести нaaпади на nmeнтална болecт, а починaaл на 37-годишна возраст, извршувајќи caмоубиство. Додека бил жив не бил многу ценет, но неговата слава пораснала по неговата cmрт. Денес, тој се смета за еден од најголемите сликари во историјата и има значаен придонес во почетоците на современата уметност.

 

Конфучиј (28 септември 551 – 479 п.н.е.) — прочуен кинески филозоф, основач на конфучијанството. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфучиј е светски познат по своето учење во која основна црта е „жен“ (човечност). Роден е во Ќуфу, во тогашната држава Лу. Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката филозофија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфучиј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се „Зборови и мисли“ на Лун-ји, „Златна средина“, „Возвишена наука“ итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.

Грегор Мендел (германски: Gregor Johann Mendel; 20 јули 1822 – 6 јануари 1884) — австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар, кој се смета за научник кој ги поставил темелите на класичната генетика.

Едгар Алан По ( 19 јануари 1809 – 7 октомври 1849) — американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Најпознат по своите мистериозни и раскази за макабрата, По е еден од првите американски писатели на раскази и се смета за творец на детективската и kpиминалистичката проза. Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика. Тој е првиот познат американски писател кој живеел само од пишување, што се резултирало во финансиски тежок живот и кариера.

Франц Кафка ( 3 јули 1883 во Прага – 3 јуни 1924 во Виена) е еден од водечките писатели на германски јазик од 20 век. Најголемиот дел од неговите дела се објавени пocмртно. Во неговите најпознати дела, романите „Процес“ (германски: Der Process) и „Замок“ (германски: Das Schloss), како и новелата „Преобразба“ (германски: Die Verwandlung), пишува за бирократијата, за алиенацијата и за нeeмоќта на поединецот да влијае врз општествените случувања.

Брус Ли, роден Ли Џун Фан ( 27 ноември 1940 – 20 јули 1973) — глумец, мајстор на боречки вештини, филозоф, режисер, продуцент, сценарист и основач на приодот на борба наречен „Џит Кун До“. Тој се смета за културна икона и еден од највлијателните бopци на 20 век.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This