Не е од Кина?: Руски научници тврдат дека ковид-19 во Русија не пристигнал од Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По истражувањето, руските научни организации открија дека коронавирусот не пристигнал во Русија од Кина, туку главно од Европа, изјавиле за Спутник во научниот центар „Сколтхек“.

„Споредувајќи ги генетските податоци за вирусот што циркулира на територијата на Русија, со податоците за движењата на населението, научниците дошле до заклучок дека вирусната разновидност е добиена благодарение на најмалку 67 самостојни увезени вируси во различни градови кон крајот на февруари-почетокот на март.

„Според добиените податоци, за разлика од другите земји, вирусот бил увезен во Русија, не од Кина, туку од Европа“, покажуваат резултатите од истражувањето.

Научните центри дошле до заклучок дека претходните случаи не довеле до епидемија во Русија, но сега во земјата кружат најмалку девет различни варијанти на вирусот корона, кои не се забележуваат во други земји.

Од прогласувањето на епидемијата во Русија, повеќе од 770.000 луѓе се разболеле во таа земја досега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This