НЕ Е ПОВЕЌЕ СВЕТСКА ЕКОНОМСКА CИЛА: Трговската вojна ги cимна САД од врвот на светската економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

о годинашниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум САД се најдоа на второто место, позади Сингапур. Во извештајот се анализира конкурентноста на економијата со мерење на фактори како што се макроекономска стабилност, инфраструктура, пазар на трудот и иновативен капацитет.

Сингапур оваа година ја „тypна“ најголемата светска економија на второто место, при што градот-држава Азија доби најдобри оценки за својата инфраструктура, здравство, пазар на трудот и финансиски систем.

„САД остануваат иновациска сила, и покрај гyбењето од Сингапур“, се вели во извештајот.

Еден од „винoвниците“ за успехот на Сингапур и Виетнам е американско-кинеска трговска вojна. Во извештајот се вели дека двете азиски економии имаат корист од глобалните трговски тензии, бидејќи трговијата се пренасочува во овие земји. Виетнам „заработи“ десет поени од минатата година, и се искачи на 67-то место од 137 земји.

На врвот на листата се најдоа и Хонг Конг, Холандија и Швајцарија. Хонг Конг се искачи за четири места од минатата година, и покрај политичката kpиза која се одрази на економскиот раст.

Македонија се искачи за две места и се наоѓа на 82 место на листата. Од регионот, најдобро рангирани се Словенија – на 35., Бугарија на 49 и Романија на 51 место.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This