Не е само Бугарија проблем: Македонија и оваа година нема да добие датум за отпочнување на преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата причина зошто Македонија нема да има датум за преговори за членство во ЕУ е затоа што Бугарија нема влада, на 11 јули ќе има пак избори, исходот ќе е нешто слично, прашање до крај на година е дали ќе направат Влада и да направат ноември-декември имаат редовни претседателски избори кои што им доаѓаат што значи дека оваа година датумот е изгубен, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“.

Николоски за недобивањето на преговори на Македонија укажа и на друга причина, а тоа е дека голем број на земји членки на ЕУ не се убедени дека Македонија треба да започне преговори за членство во ЕУ.

Втората причина зошто нема да има датум оваа година е затоа што не е проблемот само Бугарија, проблемот е дека постојат неколку големи држави, земји членки на ЕУ кои што не се убедени дека Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ од причина што сметаат дека не е подготвена во делот со борбата против корупцијата и тоа е еднакво проблематично колку Бугарија, затоа што да бидеме искрени не е единствена одлука која што се носи во ЕУ таа за проширување со консензус, на годишно ниво, десетина, стотици одлуки се носат со консензус, така функционира ЕУ. Доколку сите земји членки на ЕУ се убедени дека Македонија треба да почне преговори за членство ќе и речат на Бугарија видете ако правите проблем со Македонија ние ќе ви направиме проблем на десет други одлуки каде што вие имате интерес, ама тоа не и го велат затоа што не се убедени. Ова се двете причини зошто Македонија оваа година нема да добие датум за преговори. За ова е одговорен целосно Зоран Заев, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This