НЕ Е СЕКОЈ КРСТО КАКО МУКОСКИ: Во НАТО влеговме без име, без јазик, без националност, без историја, без минато, сегашност проблематична, за иднината не сакам да зборувам, вели Јовановски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Крсто Јовановски жестоко им реплицираше на своите колеги од СДСМ кои упорно се фалат со членството на Македонија во НАТО: Тој истакна дека ние во НАТО влеговме без име, без јазик, без националност, без историја, без минато, сегашност проблематична, а за иднината не сакаше ни да зборува.

-Пред неколку дена во оваа сала сите бевте добро облечени, дотерани, избричени со фризури и аплаудиравте на приемот на нашата татковина Македонија во НАТО. Константно велите дека требало да се донесат храбри одлуки за да може тоа да ни се случи. Сега да видиме дали тие одлуки се доволно храбри. Почитувани мој храбри одлуки знаете ли кој носеа, храбри одлуки носеше, Гоце Делчев, Даме Груев, Кузман Јосифовски Питу, Питу Гули, Страшо Пинџур, Владо Јанков Мучев и тие заради нивните храбри одлуки платија со нивниот живот. А вашите храбри одлуки вие ги зациментиравте или ќе ги зациментирате со Законот за јавно обвинителство. Толку се храбри вашите одлуки според мене нормално. Е сега ќе ве прашам уште едно нешто околу вербата. Со што велговте вие во НАТО. Имаше овде неколку излагања требало во НАТО да влеземе. Влеговме без име, без јазик, без националност, без историја, без минато, сегашност проблематична, за иднината не сакам да зборувам. Знаете вие како влеговме во НАТО, го имате гледано филмот „Добриот, лошиот и грдиот“, знаете каде беше закопана богатството што го бараа? На гробишта. А знаете точно каде, во гробот на безимениот до гробот на Арч Стентон. Сите околу нас се членки на НАТО, Буигарија, Грција, Албанија ние сме неписмените. Тоа сме ние за жал, вели Крсто Јовановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This