НЕ Е СЕКОЈ ФУНКЦИОНЕРОТ БЕЌО ПАЈАКОТ: Овој насилник е приведен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Функционерот на ДУИ Бекир Асани – Беќо, и покрај осведоченото насилство кон полицајка пред Мавровка која била на служба додека пајакот го подига неговото непрописно паркирано возило се однесувал насилно кон неа, иако рекациите на јавноста беа навистина гласни, казна или кривична пријава за Беќо Асани немаше. Дури не дознавме ни дали воопшто платил прописна казна за неправилмото паркирање на троторар. Поучени од примерот на Асани со слични настапи тргнаа и други – но, не се туе Беќо, функционери на ДУИ.

Повредена е уште една полицајка, овојпат во Струга. По скандалот со високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, во кој беше нападната припадничка на Министерство за внатрешни работи, сега нов инцидент поврзан со непрописно паркирање.

Како што објави expres.mk повикувајќи се на очевидци на настанот, инцидентот се случил сред бел ден во центарот на Струга. Полицајката вршела задачи од сообраќај и реагирала за непрописно паркирање на возило „голф”, во кое бил возачот. Возачот, за кој очевидците тврдат дека е од селото Велешта, почнал да ѝ вика на полицајката и не ѝ ги давал документите од возилото. Потоа ја навредувал и пцуел и ја истуркал кога таа сакала да го приведе, силно ја истуркал по што полицајката паднала и се повредила.

Полицајката побарала медицинска помош, а по врска побарала помош од колегите. Насилникикот е приведен.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This