НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ДАВАЛО ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ: Котевски го демантира Бујар Османи, во меѓувреме Заев гарантира за „албанската платформа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Котевски го демантира портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека истите гаранции што сега се бараат од СДСМ биле побарани и од ВМРО-ДПМНЕ

ivo_vmro

За време на преговорите со ДУИ за формирање влада, ВМРО-ДПМНЕ ниту дала гаранции ниту, пак, тоа е побарано, вели за Телеграф.мк, Иво Котевски, директор на центарот за комуникации на владејачката партија.

Котевски го демантира портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека истите гаранции што сега се бараат од СДСМ биле побарани и од ВМРО-ДПМНЕ.

– Никогаш не биле побарани ниту, пак, се дадени некакви гаранции од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон ДУИ. Разговорите што ги водеше ВМРО-ДПМНЕ беа на принципиелна основа тргнувајќи од интересите и определбите на партијата. Во повеќе наврати објаснивме зошто не дојде до договор, но за некакви гаранции побарани од ДУИ воопшто не станало збор. Впрочем и од ДУИ знаат дека доколку ВМРO-ДПМНЕ даде согласност околу нешто, тоа се реализира – вели Котевски за Телеграф.мк.
Османи вчера во изјава за „Алсат-М” рече дека писмена гаранција барале и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е истата што ја имавме со ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите – јасно да се детализира законот за албанскиот јазик и целата платформа да се смета како заедничка платформа за евентуална владина програма”, рече Османи.
Воедно тој додаде дека и покрај тоа што првично не се договорија со ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не ја исклучил можноста за коалиција со досегашниот партнер.

Во меѓувреме, СДСМ и Зоран Заев ставија параф на гаранциите кои од нив ги бараше Али Ахмети, кои подразбираат:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Албанците да се сметаат како државотворна нација;
Употреба на албанскиот јазик во сите нивоа на власта;
Уставот на РМ да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“;
Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб за „државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност“;
Усвојување на резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година;
Формирање државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините;
Правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата;
Правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции;
Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“ преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган;
Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право;
Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи во решавањето на спорот за името;
Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција;
Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија;
Соработка со Косово и со Албанија за интегрирано гранично управување;
Отворање на нови гранични премини;
Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање тркалезна маса на албанските парламентарни партии во согласност со принципот на ротација, која ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија.
Голем дел од експертската јавност, меѓу другото, го оквалификува како небулозно и антиуставно барањето за двојазичност на целата територија на државата, со што, како што велат, се промовира еден концепт на бинационалност, што е суштинска спротивност од моделот на мултиетничко општество како еден белег на нашето живеење по кој сме препознатливи во светот.[/kopa_block_quote]

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This