НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Денес се сади пченица за Божиќ, еве како е најдобро да го направите тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обичајот почнува на денот на Светата великомаченичка Варвара. Раѓањето на Исус Христ е празник кој се прославува во кругот на семејството во домот, како и со одење на богослужба во црква.

Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза, е централен настан. Задолжитлено се пали кандило и се кpши лепче. Но, на масата е уште еден од големите симболи на најрадосниот христијански празник – Божиќна пченица.

Иако пред Божик можат да се купат скоро секаде, доколку сте од оние кои сакаат да ги испочитуваат обичаите, засадете ја сами.
За да израсне до Божик треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старо верување. Пченицата се сади на празникот на Светата великомаченичка Варвара, на 17. декември. За садење е потребно шака пченица и чинија или сад во кој ќе садите.

Во плиток сад ставете малку земја па на неа наредете ја пченицата која преку ноќ стоела во вода. Одозгора покријте со уште малку земја, која секој ден ќе ја намокрувате, односно ќе ја прскате со вода на собна температура. Зрната пченица можат да се стават и без земја. само се распоредуваат по дното на садот така што потполно ќе го покријат. Од ивиците се остава барем 1 см простор бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Вадете умерено. Најдобро е еднаш – до два пати дневно да се прска со вода.

Во средина на садот може да се остави простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија и во средина ставете помала чаша (за ракија). Ставете ги зрната пченица околу чашата до работ на чинијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This