„Не зависи само од нас“: Европската унија нема намера да се проширува, смета Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека влезот на Србија во Европската унија не зависи само од земјта, додавајќи дека во самата Унија има заситеност на проширувањето.

„Нема желба за проширување во ЕУ. Ќе сториме сè, постигнавме напредок во владеењето на правото, бевме конструктивни во разговорите со Приштина, ако нешто стекнавме – не. Постои политичка сатурација со проширувањето кон ЕУ“, рече Вучиќ на телевизијата Еуроњуз.

Наведувајќи дека во последниот извештај на Европската комисија има изјава дека Србија напредувала, Вучиќ вели дека има забелешки, како и дека државата не бега од својата одговорност.

„Не бегам од нашата одговорност, моравме побрзо да направиме милион работи во владеењето на правото“, рече Вучиќ.

Без оглед на неотворањето на поглавјето, Вучиќ вели дека земјата ќе продолжи да работи и додава дека Србија економски доаѓа во земјите-членки, како и дека се развива многу побрзо во таа смисла.

На прашањето за проблемот за кој ЕУ ја обвинува Србија и се однесува на корупција, претседателот рече дека е направено многу за тоа прашање, но дека тоа не е доволно.

„Дел од вината е несомнено на наша страна, но тоа не зависи само од нас и сите го знаат тоа“, рече тој, посочувајќи дека Македонија го завршила очекуваното, односно го сменила името, како и имиња на автопати, аеродроми и споменици.

„Значи, тие не отворија поглавја за нив“, праша Вучиќ, нагласувајќи дека приказните за тоа дека ветот од Бугарија или Хрватска се „приказни за мали деца“, објави Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This