НЕ ЗАПИРААТ ПРОВОКАЦИИТЕ ОД ГРЦИЈА: Исто како во времето на ФИРОМ – ние Македонија, тие Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инцидентот со името на Македонија на Меѓународниот саем на туризмот во Берлин не е „изолиран случај“, пишува грчка „Ефимерида“ објавувајќи дека сличен инцидент имало пред еден месец на друг саем во Нирнберг, Германија, пренесува Прессинг.

На саемот за органска храна одржан на 13 февруари од нашата земја компаниите се претставувале со придавката „македонски“, но од плакатите кои ги објавува „Ефимерида“ не може да се види под кое име е претставена земјата.

Во конкретниот случај станува збор за употреба на придавката за одредени прозиводи кои имаат органско потекло. Но, и за ова реагирале Грците, што недвосмислено потестува на времето по 1995 година кога Грција и Македонија ја постигнаа Времената спогодба. Од тогаш на сите настани каде Македонија го користеше уставното и историско име реагираа Грците, па дури ја смислија и кратенката ФИРОМ која се обидуваа да ја наметнат на секој начин каде што тоа го можеа.

Вчера, пак, во Берлин се случил исто така инцидент, за што Атина реагираше по дипломатски канали откако на саемот за туризам во Берлин Македонија користеше пропаганден материјал од кампањата „Македонија вечна“.

Владиниот портпарол изјавил, како што пренесува „Ефимерида“ дека станувало збор за „ненамерна техничка грешка“.

Инаку, Атина на Саемот во Берлин се соочила со уште еден проблем – своите туристички понуди ги претставил Северн Кипар, на што исто така реагирале Грците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This