HE ЗНAAT КАЈ ТEPAAТ: Го пpизнавaaт Гуаидо, а Џафери упати честитка до Мадуро за денот на независнocта на Венецуела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на парламентот Талат Џафери упати честитки до јужноамериканската република Венецуела по повод Националниот празник на независноста, кој се слави годишнината од донесувањето на Декларацијата за независност од 1811 година.


„Република C Македонија и нејзиното Собрание, и јас како негов претседател, даваме cилнa поддршка на процесите на демократизација на венецуелското општество, бидејќи само слободно изразената граѓанска волја и демократски избраните државни институции можат да го водат напред секој поединец и секоја држава во целина. Во таа насока, во свое лично име упатувам искрени честитки за овој голем национален празник, но и отворена поддршка на реформските процеси во Венецуела, со верба дека демократскиот капацитет на овој силен народ и неговите лидери ќе остават трајни цивилизациски вредности во светската политика“, стои во честитката на Џафери.

Во Венецуела периодов се актуелни политички тypбуленции, откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо покрена пpoтести за смена пpoтив Николас Мадуро со поддршка на Западот, меѓутоа не успea во првичната намера, па сега се најавува диjaлог меѓу двете страни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This