Не издржаа еден без друг: Се смири познатиот пар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските медиуми ги уловиле Марко Јариќ и Адриана Лима заедно! Тврдат дека поранешните сопружници пак се во љубов и дека во Мајами ги поминале божиќните и новогодишните празници.

andijana-limaiul87o78o78o78

Поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ и неговата поранешна сопруга, бразилскиот топ-модел Адриана Лима, пак се заедно!

Како што американските медиуми пренесуваат, спортистот и ангелот на „Викторија сикрет“ решиле на својата љубов да ѝ дадат уште една шанса, иако се разведени три години, а за нивното смирување придонела сестрата на Марко, Тамара, со која Адриана е многу блиска.

Марко уште на крајот на декември отишол во Мајами за да ги помине новогодишните празници со ќерките Сиера и Валентина, па средбата со Адриана била неизбежна.

– Сестрата на Марко, Тамара, инаку успешна креаторка, остана блиска со Адриана. По нивниот развод тие двете станаа најдобри пријателки и многу време поминуваат заедно. Дизајнерката ѝ пружи поддршка на Адриана од бекстејџот на ревијата во Париз, после што заедно биле на кошаркарски натпревар, а потоа и на летување. Се претпоставува дека токму Тамара е заслужна за тоа што Адриана и Марко повторно се заедно, бидејќи таа многу влијае на двајцата. Јариќ и Лима новогодишните празници главно ги поминаа дома во семејна атмосфера, строго водејќи сметка веста за нивното смирување да не протече во јавноста – тврдат американските медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This