НЕ ИМ ПРОАЃААТ ТИЕ ПРИКАЗНИ: Груевски вели дека обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ се само алиби за неработењето и безидејноста на оваа власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска по судското рочиште за предметот на СЈО, „Титаник“ одговарајќи на новинарско прашање рече дека СДСМ година дена по доаѓањето на власт се уште се вади за нивното неработење и безидејност.

Според него, обвинувањата од страна на сегашни владини претставиници дека ВМРО-ДПМНЕ оставила големи долгови се само алиби за немањето на конкретки проекти и за колапсот на градежниот сектор.

-Се работи за вадење и веќе не им проаѓаат тие приказни. Ако тоа можеле да го зборуваат првите месец, два, три, тоа веќе е дегустирана работа, и тоа го знаат сите граѓани, рече Груевски.

Потенцира дека ова не може да трае долго време.

-Ништо не сме оставиле што е надвор од едно логично, нормално, тековно работење. Ако се градела некоја болница и се изградила до пола кога ние сме заминале од власт, а втората половина треба да се гради во време на СДСМ, нормално е да се догради во времето на СДСМ, како што можеби некогаш нешто и тие оставиле, иако тоа не било многу, затоа што тие не градеа, не создаваа, вели поранешниот премиер.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This