March 28, 2024, 10:13 pm

НЕ КОРИСТЕТЕ СМАРТФОНИ: Министерството за одбрана ќе им ги одземе смартфоните на руските војници поради се почестите случаи на шпионажа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана може да им забрани на руските војници да користат паметни телефони до 1.март оваа година, пишуваат медиумите

Наместо современи смартфони и слични апарати се разгледува прашањето за користење на телефони со типки, пишуваат медиумите, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Русија. Новата наредба се објаснува со честото протекување на информации.

Ако забраната на паметни телефони во восјката стапи на сила, руските војници ќе можат да користат само еден до 11 модели на телефони, од марките „Нокија“, „Тексет“, „Самсунг“ и „Алкател“. Сите овие апарити се со типки, работат на стандардните ГСМ 900/1800 или 900/1800/1900, непаат камерпи ниту ГПС/ГЛОНАСС. Затоа сите модели имаат функција за испраќање на СМС, а некои и можност за две СИМ картички.

Изворите наведуваат дека може да се избегне забраната од Министерството за одбрана. Војниците можат да покажат обични телефони на раководството, додека смартфоните да ги сокирјат во џеб.

Претходно медиумите соопштија дека на руските војници им е препорачано да не ги користат социјалните мрежи „Вконтакте“, „Однокласники“, Фејсбук и други.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This