НЕ МАКЕДОНЧИЊА И АЛБАНЧИЊА: Во Сарај се cтeпaлe деца за топка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од игла направија локомомотива, коментираат одговорните наставници и претставници од туристичката агенција кои денеска биле заедно со децата од ООУ „Коле Неделковски“ на екскурзија во Сарај.

-Во Сарај се степаа деца за топка, не се тепаа Македонци и Албанци, ниту имаше инцидент, уште помалку етнички. Детето кое сакало да раздели две деца, добило шлаканица. Толку. Се крена врева за една шлаканица. Вакви ситуации во школските дворови има речиси секојдневно. Поразувачки е децата да се стааваат во средина и да се подгреваат меѓуетнички тензии обична детска игра, велат од ООУ „Коле Неделковски“, пренесува Република.

Според протоколот во вакви ситуации, за да се заштитат училиштето, наставниците, а пред се децата од токму ова што се случува благодарение на социјалните мрежи и полуинформирани родители, со детето разговарал лекар, кој бил цело време на екскурзија со децата, а потоа инцидентот бил пријавен во полиција и кај родителот на детето. Пристигнала една патрола, а не два џипа, како што се појави информација на социјалните мрежи, со тројца полицајци, од кои еднот по извршениот раазговор со одделенскиот наставник, детето и родителот си заминал, а другите двајца останале до крајот на екскурзијата со децата.

-Постапивме по протокол. И навистина се случи така како што претпоставивме. Да останеше на една шлаканица, на социјалните мрежи ќе се раширеше дека сакаме да заташкаме, дека којзнае што се случило во Сарај и дека децата се небезбедни. Срамота е колку полувистини и шпекулации толку брзо се шират, а децата без размислување се ставаат во средина, небаре изби војна во Сарај. Полицајците останаа, децата се разиграа, не можевме да ги собереме во автобуси за враќање. Екскурзијата не беше прекината, туку беше предвидено да трае до 13 часот, а децата да бидат во школскиот двор до 14 часот, велат одговорни од училиштето и го осудуваат пристаапот на неинформираните родители.

Родителот на удреното дете не сакал да пријавува, а таква изјава дал и пред полицајците, што е внесено во записник.

За инцидентот е информирана и директорката на училиштето, Светлана Масларевска, која не била со децата во Сарај. Во изјава за „Република“ потенцира дека нема место за паника, се работи за детска игра, ситуација која е вообичаена меѓу децата.

На местото каде што биле сместени децата од Центар имало и други дечиња од друго училиште, па меѓу себе си кажале и погрдни зборови. Не се работи за меѓуетнички судир, немало агресивни тинејџери Албанци, кои ги нападнале учениците Македонци. Се спречкале врсници од две училишта и апелирам јавноста да биде прецизно информирана дека се работи за вообичаен инцидент меѓу деца, потенцира Масларевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This