НЕ МЕ ТЕПАА, БЕВ НА КОНЦЕРТ: Градоначалникот на Чаир демантира дека бил претепан од Асани, бил на концерт со Али Ахмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По информацијата објавена во неколку медиуми дека градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу, бил претепан од сопартијци, припадници на различна фракција во ДУИ, Ганиу ја демантира објавената информација, објави „Фокус“.

-Не е точно дека ме нападнале, не знам зошто се измислуваат вакви работи. Вчера бев на концерт на Инва Мула, а таму беше и лидерот Али Ахмети. Се објавува и дека ме претепала група на Бекир Асани, но ова не е точно, помеѓу нас нема расправии, сите сме дел од централното раководство на ДУИ, изјави за „Фокус“ градоначалникот Ганиу.

Претходно, порталот на Албански јазик „Кумановапрес“ објави дека Ганиу бил претепан од групата на Бекир Асани од Чаир поради намерата на градоаначалникот да даде изјава во полициајта.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This