April 20, 2024, 10:15 am

НЕ МОЖЕА ПPОТИВ ФАВОРИТОТ: Вардар пopазен од Веспрем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите на Вардар со ослабен состав не можеа да му парираат на Веспрем во Скопје, па европскиот шампион доживеа убедлив порaз (29:38) пред своите фанови.

Натпреварот во салата во СЦ „Јане Сандански“ мина во целосна доминација на гостите од Унгарија, кои предводени од Ненадиќ уште на полувреме водеа со 15:22, а во вториот дел стигнаа и до поголема предност, за рутински да ја остварат посакуваната победа со резултат 29:38.

За Вардар ова е трет поpаз во серија во Лигата на шампионите, додека Веспрем стигна до четвртиот триумф по ред, со што останува на второто место во групата зад Кил.

Атман постигна 7 голови и беше најефикасен кај Вардар, додека во редовите на Веспрем се истакна Ненадиќ со 11 погодоци. Манасков постигна 1 гол од 3 обиди, а играше и постојано откако Штрлек доби црвен картон во првиот дел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This