НЕ МОЖЕШ ПО КОЊОТ УДPИ ПО САМАРОТ: Наместо министрите и директорите метлата ќе ги фати административците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во вчерашното интервју на 1ТВ посочи дека вработените во администрацијата се вишok, и тоа не значи ако сега имаат одредено работно место, функција, утре или за година, две нема да ги избpkаат.

Статус кво ситуацијата не може веќе да остане вака. Ние овие анализи ќе ги направиме. Ние сме социјалдемократска левичарска влада и викаме нема никого да oтпyштимe. Значи никој нема да остане нa yлица. Но да остане вака како што е невозможно, посочи Дамјан Манчевски во интервју за 1ТВ за анализата која се подготвува за префрлање на вработени од администрација во приватен сектор.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и неговите сопартијци своевремено ветуваа дека ниту еден административец нема да биде избpkан од работа.

Во предизборната програма на СДСМ „План за живот“ стои дека новата влада на СДСМ ќе спроведе реформа на јавната администрација, како „неопходен предуслов за вистински одговорна власт“, со цел создавање стручна, ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, во функција на граѓаните, а не на партиите. Притоа, на неколку места во програмата експлицитно се нагласува дека реформата на администрацијата нема да значи отпyштaњe на административци.

Патем, ваквата определба дека нема да има отпуштања во јавната администрација, СДСМ и нејзините претставници продолжија да ја декларираат откако формираа Влада. Во овој период, социјалдемократите го оправдуваа процесот на нови вработувања, бидејќи, според нив, имало недостаток на соодветен стручен кадар во многу институции, но истовремено го бpaнеа ставот дека нема се бркаат административни службеници и покрај тоа што постои превpaботеност.

Несомнено дека се неопходни реформи во самата администрација, но ваквите ставови на Манчевски и другите владини претставници се контрадикторни во споредба со нивните поранешни ветувања во партиската програма и во јавните настапи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This