April 25, 2024, 12:57 am

НЕ МОЖЕ, А ДА НЕ ИЗЛАЖЕ: За да го оправда економскиот дебакл, Заев посегна по тоа што најдобро го знае, лагата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот од „360 Степени“, Попетревски го потсети Заев дека ветуваше многу поголем раст на БДП па не успеа, оваа година. Заев на ова рече дека не може да се успее кога 4 години на ред е 0. И апсолутно држи и мора да ја дигнете економијата.

Без политичка добра и извесна иднина е многу тешко тоа. Лани еве се фалевте со 400 милиони, пари како се вели тоа определени за капитални инвестиции, и сега цела година гледаме апсолутно многу ниска реализација, го потсети новинарот Заев за неговите лажни ветувања. Ајде да ја завршиме реализацијата до крајот на годината, ќе кажеме не е 27 и нема да биде 30, ќе биде многу поголема, прво по дефолт заради тоа што се се плаќа до крајот на годината.

Но севкупната економска прогресија, раст и развој во државата не е од капиталните инвестиции., тие се добри помагачи. Сега испадна дека главната вина е тука. Индустријата расте 9%, еве да зборуваме за другите елементи, енергетиката расте не знам за 4-5% во вториот веројатно и третиот квартал. Имаме 3,1% развој во вториот квартал, во третиот околу 3%, а четвртиот уште повеќе од 3%. Првиот квартал веќе на 2019 година на платени веќе фактури на решените проблеми од капиталните инвестиции верувам дека и растот ќе биде уште поголем. Трговијата расте со двоцифрени бројки, посебно извозот од државата параметрите се одлични, појаснуваше Заев.

Заев дека ја излажа јавноста говорат многу докази. Имено Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2013 година изнесува 499.559 милиони денари и во однос на 2012 година номинално е зголемен за 7.0%. Реалната стапка на раст на БДП, во однос на 2013 година, изнесува 3.5%. Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2014 година изнесува 525.620 милиони денари и во однос на 2013 година номинално е зголемен за 4.7%.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2015 година изнесува 558.240 милиони денари и во однос на 2014 година номинално е зголемен за 5.8%. Реалната стапка на раст на БДП во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 3.8%. Водејќи се по податоците на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598 881 милиони денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7.1%. Реалната стапка на раст на БДП во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 2.9%. Со овие податоци се демантира изјавата на Зоран Заев во „360 Степени“ дека БДП 4 години на ред е 0.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This