НЕ МОЖЕ БЕЗ ДОБРО КАФЕ: Александар Николоски во едно поинакво светло

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Николоски, потпретседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Фрајдеј зборуваше за малку поинакви теми од оние на кои сме навикнати. Николоски е најмладиот пратеник во историјата на Македонија, кој во пратеничките клупи седна на 22 години. Тој признава дека работата му одзема многу време и не успева да пронајде баланс меѓу професионалниот и приватниот живот.

Многу сум благодарен на мојата фамилија, на пријателите и на сопругата што издржуваат и ме поднесуваат, зошто ако сакате да успеете во овој живот кој јас го водам, тогаш потребно е 24 часовна посветеност, вели тој.

Николовски денот го почнува околу 09.00 часот со смути, а потоа, како што вели тој „мора да се напие добро кафе“.

Како јавна личност, Николоски смета дека е од исклучителна важност да изгледа пред се пристојно во очите на народот. Тоа подразбира, меѓу другото, задолжително одело со вратоврска на формалните настани. Никако прескапо, туку скромно и културно.

За слободното време Александар вели дека оди во Охрид, од каде што потекнува и каде што живеат неговите и родителите на неговата сопруга.

Таму пораснав и тоа ми е една убава духовна енергија, вели тој

Сака да патува и да пешачи, а сака и барем еднаш неделно да излезе и да се опушти. Тој вели дека се доживува како забавна личност која сака да се шегува на сопствена сметка. Според него, тоа е еден тип на критика која еден интелигентен човек, секако, треба да ја прифати. Вели дека се доживува како забавен и интересен лик, и покрај тоа што многумина му рекле дека имаат поинаква перцепција за него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This