НЕ МУ ВЕРУВААТ НА ЗАЕВ – НЕ ГО ИСПОЧИТУВАЛ ДОГОВОРОТ ЗА ВРЕМЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: И Беса викната на преговорите за Законот за јавно обвинителство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Фадил Зендели од Беса денеска изјави дека ќе приуствува на средбата на работните групи за законот за јавно обвинителство, но, како што кажа, тие се поканети со задоцнување во овие работи и обвини дека договорот што го имале со поранешниот премиер Зоран Заев пред носењето на уставните измени не е испочитуван.


–Поканети сме со задоцнување. Обично власта преговара со македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ и кога таму нема да успее мисли дека сме машинерија за гласање, кога тие имаат потреба од 80 гласови, тогаш ќе можат со нас. Ние имаме наши забелешки по однос на законот за обвинителство кои ќе ги искажеме. Сакам да ги потсетам граѓаните и Владата на договорот што го имавме, пратениците од Движењето Беса со премиерот и тогашната Влада, пред уставните измени и до ден денес, поранешниот премиер денес претседател на СДСМ нема преземено ништо по однос на тој договор. Очекувам тој во оваа насока да преземе конкретни мерки за да можеме и ние како политичка партија и како пратеници да го дадеме нашиот придонес по однос на законот и подобрување на законот за јавно обвинителство, рече Зендели.

Нивните забелешки се посебно во делот на надзорот на работата на обвинителството.

– Ние секогаш носиме добри закони но немаме надзор за спроведување на тие закони. Знаеме какво судство имаме и како не оценуваат сите и во оваа насока треба конкретни мерки. Веројатно би настапиле и во амандамнската расправа, рече Зендели.
Состанокот на работните групи е во 16 часот во Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This