НЕ НАПРАВИЈА НИШТО ЗА ОХИС И ЈУГОХРОМ: Ама затоа нивните бизниси цветаат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО- ДПМНЕ објави соопштение за состојбата на економијата во Македонија откако на власт во земјата се Заев и СДСМ. Три години се на власт, а сѐ уште ниту едно од ветувањата не е остварено.

Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја туркаат економијата кон дно. Трета година по ред ништо од ветувањата дека ќе се рестартираат „Југохром“ и „ОХИС“. Стотици работници од овие некогашни гиганти три години се лажени од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран и Анѓушев пред изборите ветуваа решавање на проблемите со кои се соочуваат Охис и Југохром. Три години од тоа ветување, а решение нема. Вработените живеат на работ на егзиcтенцијата, стои во соопштението.

„Заев и Анѓушев не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми. Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери. Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај“.

Наместо за Југохром и Охис, Заев и Анѓушев најдоа решение за нивните фирми. Заеви влегоа во бизнисот со мapиxуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери.

Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај.

Заев и Анѓушев мораат да заминат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This