НЕ, НЕ ВИ Е СТЕВО КРИВ: Маме и е*авте на државата 30 години, и сега Стево крив – абе ајде…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Абе, не е крив Стево Пендаровски затоа што ја кажал реалноста во која се наоѓа Македонија. За што е галамата? Затоа што рекол дека „никој не е луд“ да живее во земја во која просечна плата е 400 евра? Односно, во држава во која никој нема никаква сигурност – ниту во институции, правен систем, економија…Не дечки, Пендаровски не ви е виновникот. Вие сте виновни.

Цели 30 години никој не успеа да најде солуција за транзицијата. Се обиде едно време владата на Никола Груевски да направи ревизија на мрачните денови на транзицијата, а нелегално стекнатиот имот да го врати во владение на државата, но, скокнаа „мрачните сили“ на транзицијата и го спречија.

Цели 30 години, никој не најде солуција за ТАТ. Го „јадеше“ само благајничката.

Никој не се обиде да најде солуција за криминалот и корупцијата во судството. Напротив, сите се возеа, и се возат на алчноста на судиите и обвинителите. Се возат барем оние кои имаат доволно моќ да ги задоволат лукративните апетити на правдоносците. Народот пак, ќе лежи затвор за ќебапи.

Три децении не се најде решение, консензус, национална стратегија со која досега Македонија ќе беше дел од ЕУ и НАТО. Наспроти тоа, прашањето за името и зачленувањето во овие организации беше ставено на дневнополитичката агенда. Резултатот од тоа е – 30 години немаме датум, 30 години не сме дел од НАТО, го сменивме името и пак ништо.

Пркнавме едно време. Ама тогаш проблем беше „Скопје 2014“. Демек, тоа беше најважно. Тоа што се градеа автопати, се делеа субвенции, се стипендираа млади, се отворија 200.000 работни места, тоа не беше важно. Само „бомбите“ на Заев, за кои сега пак слушаме дека биле монтирани, неточни, лажни. И Стево е крив? Не, не.

И сега Стево Пендаровски бил виновен.

Не бе, виновни сте сите вие. Пендаровски само ви ја кажа реалноста. И тука не се обидувам да го бранам Стево. Па тој беше дел од тридеценискот проблем. Тој имаше можност да делува во насока на спречување на конфликтот во 2001-та. Не го стори тоа. Можеше да делува и да го отрезни Фрчковски кога испрати „долги цевки“ во Гостивар – не го стори тоа.

Ама, 30 години, што би рекол Амди Бајрам – маме и ебавте на државата. Наполнивте џебовите, си ги испративте децата во странство на сигурно, а за јаднициве тука никогаш уво не ве заболе. И сега во несвест ќе паѓаме на муабетот на Пендаровски.

Во право е Стево, никој не е луд да остане во оваа држава повеќе. Па ни тој. А верувам, не би останал во државава ни самиот Зоран Заев, тој прв би ја дувнал.

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This