НЕ, НЕ СЕ МЕСТЕНИ ОГЛАСИТЕ: Четири месеци пред објавувањето на огласите, Заев си вработил советник за спорт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија вчера 21.03.2018 објави јавен оглас број 1/2018 за вработување на посебни советници (6) извршители, заради пополнување на посебни работни места, за ангажирање на лица на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработуваат – пренесува „Денешен“

Огласот е објавен за следниве позиции:

1. Посебен советник за транспорт и врски 1 извршител;
2. Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интеркултурните комуникации 1 извршител;
3. Посебен советник за странски инвестиции 1 извршител;
4. Посебен советник за спроведување на Рамковниот договор 1 извршител;
5. Посебен советник за транспарентност и отчетност 1 извршител, како и 6. Посебен советник за млади и спорт — 1 извршител
Со потребните квалификации:
-стекнати најмалку 300 кредити слоред ЕКТС или завршен VII/2 степен, научно поле: Правни науки;
-без работно искуство;
-активно познавање на англиски јазик ниво В2 BULATS;
-сертификати за завршени обуки од областа на спортот, комуникацијата, визија на младите.

На социјалните мрежи излегоа рекции дека за местото посебен советник за млади и спорт веќе 4 месеци работи лицето Даниел Димевски, кој што по професија е теолог и поранешен претседател на кошаркарската федерација на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This