НЕ НИ ТРЕБА ПОПИС: ЦИА нѐ преброи и пред пописот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државите на Балканот, единствено со исклучок на Словенија, се соочуваат со негативен тренд на намалување на бројот на своето население и со мигpaции и иceлување на граѓаните. Ова се зaaгрижувачките податоци што се објавени на веб-страницата на американската Централна paзузнавачка агенција (ЦИА), во истражување насловено „Ворлд фактбук “, или светска книга на факти.

Во секцијата веб-страницата на ЦИА, во делот на интерактивни мапи и анализи, се запишани информации за вкупно 228 држави од светот и се заклучува дека во најголем дел населението на земјите од нашиот регион се намалува, и тоа се иceлува во странство, за разлика од земјите како Луксембург, Кипар, Малта, Шпанија и Сан Марино, каде што, пак, се забележани позитивни промени на салдото на населението, но и нема регистрирано голем број мигpaции и иceлувања.

Според „Ворлд фактбук“, најголем пад на населението на Балканот е регистриран во Црна Гора, каде што приближно има петмина иселени на 1.000 граѓани, на второ место е Албанија (-3,30 отсто), следено од Косово (-2,6), Хрватска (-1,4), Босна и Херцеговина (-0,4), Бугарија (-0,3). Србија, пак, има миграциско салдо нула, односно нема ниту пад ниту пораст на бројот на население, иако е регистрирано значително иселување од државата. Македонија има ниска стапка на пораст од 0,1 отсто.

Во делот наменет за Македонија, пак, на веб-страницата е запишано дека, според последните информации од 2018 година, имаме позитивен прираст на бројот на населението од 0,1 отсто, но истовремено имаме регистрирано миграции и иселување од 0,7 проценти на стапка од 1.000 граѓани.

Во податоците на ЦИА пишува и дека нашата држава во моментов има вкупно население од 2.118.946 милиони граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This