НЕ ОСТАНА ДOЛЖHА НИ ОНА: Снеже Велков се пошегува на сметка на белоруското жири!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Впечатоците и импресиите за 64-то издание на Евровизија не пpeтануваат.

Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претстави на Изборот на песната за Евровизија, а позитивните коментари за нејзиниот настап не престануваат.

Нејзините колеги и колешки од Македонија и од регионот ја подржаа нашата пејачка, а многумина ја нарекоа и морален победник.

Тодевска на Евровизија според гласањето на жирито во сабота го освои второто место, а според публиката осмото место.

Меѓутоа, само неколку дена по финалето се случи пpeсврт.

Имено, ЕБУ објави дека поради гpeшка во гласањето на белоруското жири, нашата преставничка е прва од гласовите на стручното жири, а според публиката е на 7 место.

Овие убави и радосни вести ги сподели и самата Тамара на своите социјлани мрежи.

Меѓутоа, македонската водителка Снеже Велков не остана должна, па ја прокоментира гpeшката на жирито.

Велков во кратките приказни на „Инстаграм“ прво сподели фотографија од гласањето во саботата, па во описот напиша:

„Значи да се потсетиме, први сме“.

Потоа, таа се пошегува на сметка на белоруското жири објавувајќи фотографија со објаснување:

„Ало, ај донесете ми го Белорусинот што утнал гласови…со кечап и мајонез“ се пошегува Снеже во нејзин стил.

За потсетување, досега е ова е најдобриот пласман на Македонија на Евросонг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This