April 20, 2024, 12:05 pm

НЕ ОЧЕКУВА ПEKОЛ: Температури до 40 степени до крајот на неделата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу топло време со температура од 40 степени не очекува од средината на оваа недела.

Од УХМР информираат дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште утре, а од среда следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Утре максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, во среда од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.

Инаку, за денес се очекува дека ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со појава на грмежи, кога ќе биде малку посвежо, а ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Потоа во следниот период повтроно ќе има услови за повремена и краткотрајна нестабилност а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на повторен пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This