НЕ ОЧЕКУВА ПEKOЛHА НЕДЕЛА: Топлотен бран ќе ја пoгoди цела Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според предвидувањата на метеоролошките експерти вклучени во следење на промените во атмосферата, во наредниот период одредени градови во Европа буквално ќе вpијат од топлина.

Предвидените температури, според експертите, ќе бидат за 12-16 степени над просечните за овој период во јуни. Како што е наведено, температурата ќе го достигне својот дневен максимум во попладневните часови.

Топлотниот бран од северозападна Африка ќе се движи преку Шпанија и Португалија и ќе зафати голем дел од западна и централна Европа. Тој ќе донесе температури, кои се повисоки за десет степени од просечните, поради што во многу делови на Франција и Германија ќе биде над 35 степени Целзиусови, а понекогаш дури и 40. Зголемувањето на температурата ќе го почувствуваат и жителите на Корзика, како и оние во јужниот и западниот дел на Италија.

На yдap на силен топлотен бран ќе бидат Шпанија, Португалија, Германија, Франција и земјите од Бенелукс.

Во Грција, Црна Гора, Турција и Хрватска, температурите ќе бидат просечни за овој период од годината.

Почнувајќи од понеделник, во текот на следната недела, до викендот, топлотниот бран што доаѓа од северозападна Африка, ќе погоди повеќе западно- европски метрополи, а максималната температура ќе биде околу 40 степени Целзиусови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This