НЕ ПОМИНАА НИ 24 ЧАСА СЕ ЈАВИЈА СЛУГИТЕ НА ЗАЕВ: Заев доби нов портпарол, Ивица Коневски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Не дочекаа ниту 24 часа откако ги споменаа, тие се препознаа и јавија, слугите на Заев. Се јавија слугите на Заев и тоа преку нивниот нов портпарол Ивица Коневски. И секогаш кога ВМРО ќе донесе некоја одлука, ќе изгради некој став, наместо криминалецов Заев, го пуштаат портпаролот на слугиве на Заев да изнесе став. А ставот? Шуплив и празен, површен исто како што се провидни и слугиве на Заев. Епа чим говориш за оставка еве Ивица да те прашам ти откако доживеа дебакл на локалните избори и изгуби од Марин превзеде ли некаква одговорност? Или сеуште тврдиш дека многу те сакале ама си немал среќа. Дечко за тебе и таквите како тебе партијата била и останува обична печалба, додека други го трошат животот за нејзе.

И на крај, долго време сме во партијава, ти едно време беше и член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО, не те паметам тогаш да бараше оставки од Груевски поради поразот на Кедев таа 2004-та година. На конгресот во Охрид 2003 година како делегат му дадов подршка на Груевски во изборот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и во 2004 година по поразот на Кедев на претседателските избори имаше обид за негова смена од круг на незадоволни внатрешни поединци, јас цврсто застанав тогаш против тој круг на луѓе од едноставна причина што оставка можиш да бараш послем пораз на парламентарни избори и по циклус од 4 години.

Ситуацијата е скоро идентична и денес, Мицковски на конгресот во Валандово ја доби подршката од нас делегатите и после само една година нема никаква политичка логика да се бара оставка од него. Дополнително како аргумент тој ја консолидира партијата и подготвени сме за изборно соочување со криминалната банда на Заев која бега од парламентарни избори како ѓавол од темјан. На претседателските избори одиме на победа и сите како членови на ВМРО ДПМНЕ треба да дадеме максимален ангажман во наредниот период а не да слугуваме на Заев. Те молам друг пат кога ќе ти дадат задача како портпарол, пробај барем да си политички коректен и немој да си правиш политичко самoyбиство, пишува поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и делегат на конвенцијата за избор на претседателски кандидат, Никола Котевски.

 

Не дочекаа ниту 24 часа откако ги споменаа, тие се препознаа и јавија, слугите на Заев. Се јавија слугите на Заев и тоа…

Posted by Nikola Kotevski on Sunday, February 17, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This