April 25, 2024, 11:05 am

НЕ ПОСТОИ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ СТРАНСКИ И ДОМАШНИ ИНВЕСТИТОРИ: Христијан Делев ги демаскира незнаењето на Кочо Анѓушев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема никаква дискриминација помеѓу домашните и странските инвеститори. Впрочем имаме и две домашни компании кои се релоцираа во ТИРЗ и произведуваат, така да тоа е само доказ дека ја нема таа разлика вели поранешниот заменик министер за економија Христијан Делев. Тој притоа потенцира дека условите и кретириумите за влез во индустриските зони се многу високи.

 – “Условите за влезот во ТИРЗ се високи. Потребно од компаниите да бидат 100 % извозно ориентирани. Потребно е истите тие компании да вложат деситици милиони евра. Така да нашите компании, поголем дел од нив кои работат на домашен пазар не можат да ги користат тие бенифиции затоа што тој сет е наменет само за извоз. Бидејќи доколку ги ставиме домашните компании во ТИРЗ и произведуваат за домашен пазар ќе се направи хаос на македонскиот пазар и ќе се направи нелојална конкуренција и затоа е направен тој концепт“ рече Делев.

 Тој притоа посочи дека почнати се нови проекти како проектот учиме од бизнис заедницата,и странските консултанти во домашните компании. Со сите тие проекти, според Длев сите тие процеси помогнаа да голем број домашни компании да видат дека пазарот е подалеку од Белград и тој процес треба да продолжи.

Делев апелираше дека е почнат нов проект со светска банка кој мора да продолжи а и новата влада треба да го следи тоа за да се продолжи ефектот од странските инвестции врз домашната економија. Со продолжување на овој проект според Делев домашнитекомпании технолошки ќе се развијат а воедно ќе станат главни добавувачи странските инвеститори. ​

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This