НЕ ПРИПРЕМААТ: Македонија може да остане без преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Османи ја подготвува јавноста за можното сценарио – да не добиеме датум за почеток на преговорите во јуни. Причина не закочениот реформски процес, туку техничка, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пренесува Алфа ТВ.

Временскиот теснец од објавата на Извештајот за напредокот на земјава што ќе се случи на 29 мај, и рокот од само 20-тина дена кога секоја земја одделно ќе треба да пресече дали Македонија заслужува датум или не. Иако секоја година Извештајот се објавува во април, овој пат прво заради нашата кампања, а потоа и заради изборите во Европската Унија, се одложува за крајот на мај.

Тој сепак е оптимист дека сите земји членки ќе стигнат да одлучат, а најкомплицирано било во Германија и Холандија. Ако една не успее, датум нема.

Османи не им посвети големо внимание на негодувањата на Франција и Холандија како најскептични за стартот на преговорите. И не само тие, туку и Белгија прецизно порача оти Преспанскиот договор не е доволен за евроинтегративниот напредок на земјава.

Оддаваме признание за решавањето на спорот за името, но тоа не го прави помалку потребно покажувањето напредок во другите области, истакна Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија.

Спорот за името беше еден вид предуслов, и беше извонредно исполнет, сега сакаме законите да се изгласаат, но и да се спроведат, и знаеме дека спроведувањето е секогаш најкомплицираниот дел, изјави Дидие Рејндерс, министер за надворешни работи на Белгија.

Османи останува оптимист. Вели ако не успееме во јуни, Европа ризикува да останеме изолирани и да се движиме во различен правец од европскиот што пак може да биде опасно.

Еден од условите за солидна бриселска јунска оценка е и законот за обвинителството, за што Османи порачува дека има шанси да се постигне договор, меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Кога, не знае, но ако го има Џафери би свикал седница за истиот да се донесе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This