Не сакаат да бидат зaложници на Американците: Централноaзиските земји не сакаат американски вoeни бази на нивна територија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите држави се обидуваат да го обезбедат своето воено присуство во регионот по повлекувањето од Авганистан и со тоа да влијаат на ситуацијата, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментирајќи ги можностите за формирање американски воени бази во Централна Азија. Тоа не би било во интерес на безбедноста на регионот, посочи тој.

„Главното прашање за Американците е: ако оние кои имаа 100,000 војници на НАТО таму (во Авганистан) во одреден момент, не успеаја да постигнат ништо за 20 години, додека беа во самата земја, какви резултати имаат намера да постигнат со многу помало присуство надвор од границата на Авганистан?”, праша Лавров на прес-конференција по состанокот со неговиот судански колега.
Одговорот, вели тој, е јасен.

„Како прво, постои желба едноставно да се обезбеди нивно воено присуство во тој регион и со тоа да се влијае на ситуацијата. Секој го разбира тоа и секој ќе започне од оние обврски што постојат во рамките на различни структури“, рече рускиот министер.

Коментирајќи ги изгледите за формирање американски бази во Централна Азија, тој изрази сомнеж дека која било земја во регионот би била заинтересирана да стане заложник на американската политика.

„Мислам дека не би било во интерес на никого да стане заложник на таквата политика, на ваквите намери на САД, предизвикувајќи одговор“, рече Лавров.

Формирањето на нови воени бази не би било во согласност со безбедносните интереси во Централна Азија, нагласува рускиот министер.

„Не треба да ги прашуваме нив (Соединетите држави) за плановите на земјите во Централна Азија, туку тие земји. Што се однесува до другите земји од Централна Азија – Казахстан, Таџикистан, Киргистан – тие се членки на Организацијата за колективна безбедност. „Сите прашања во врска со присуството на странски војници на територијата на која било членка на организацијата треба да бидат усогласени во рамките на самата организација“, рече тој.

Да потсетиме, Вашингтон брзо ги повлекува своите сили од Авганистан, 20 години по почетокот на мисијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This