- Advertisement -
Решил да не ја плати сметката во хотелот и да замине преку прозорецот.Можеби оваа ситуација и не би била толку чудна ако не станувало збор за соба на 19. кат, и ако неговата “мисија” да дојде до слобода не вклучувала бегање до друга зграда преку телефонските кабли.
За негова среќа, полицијата успеала да реагира на време.
“Мажот минал без повреди и сега е безбеден”, било соопштено од полицијата.
Видео-снимката на социјалните кинески мрежи била прегледана повеќе од 7 милиони пати.
Останало непознато поради кој износ овој маж се одлучил на вакво бегство.