March 28, 2024, 11:11 am

НЕ САКАМЕ ВОЈНА ИЛИ ЕСКАЛАЦИЈА: Министерот за надворешни работи на Иран објасни дека тие ќе продолжат да се бранат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракетните напади врз бази на САД во Ирак се легитимни цели во рамки на мерките за самоодбрана кои сега се завршени, а Иран нема намера да води војна или да ја ескалира ситуацијата дополнително, изјави министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф, пренесуваат светските медиуми

Двата баражи на балистички ракети вперени кон базата Ал-Асад во близина на провинцијата Анбар на западот на Ирак и уште една во Еребил се „пропорционални мерки на самоодбрана“ според членот 51 од чартерот на Обединетите Нации, објаснува Зариф во својот Твит од Техеран испратен изутрината, означувајќи ја акцијата како „завршена“.

„Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме против секаква агресија“ – вели Зариф.

Зариф нотира дека нападите со кои се таргетирани врз бази на САД од каде се лансираат „кукавички“ напади против Ирански граѓани и високи офицери – имплицирајќи кон генералот Касам Сулејмани, шеф на Исламската револуционерна гарда, кој беше убиен во напад од беспилоно летало во близина на аеродромот во Багдад минатата недела.

Иран се закани со „силна одмазда“ против САД поради смртта на Сулејмани. Нападот врз базата Ал-Асад бил лансиран во 1.20 по локално време во средата, исто време кога беше убиен и Сулејмани. Следниот бараж се случи еден час подоцна.

Пентагон пак соопшти дека ниту еден Американец не настрадал во нападите. Дел од извештаите пак говорат дека се можни Ирачки жртви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This