„Не сакам да се простам пред празни трибини“: Лазаров нема да се пензионира, ќе игра уште една година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вечерашниот триумф над Швајцарија со 29:28 на македонската ракометна репрезентација во Скопје, во последното коло од квалификациите за Европското првенство, селекторот Кире Лазаров потврди дека не заминува во пензија, туку ќе игра уште една година.

Неговиот договор со Нант истекуваше на крајот од оваа сезона, меѓутоа двете страни брзо пронашле заеднички јазик, па така, најтрофејниот македонски ракометар уште една сезона ќе игра во францускиот клуб.

Лазаров кажа дека плановите му се промениле поради ковид-19, па не сакал да се збогува пред празни трибини и затоа ќе чека уште една година, по која ќе замине во пензија.

Јас решив, уште клубот нема објавено официјално, но ќе одиграм уште една сезона во Нант, можеби во форма со помала минyтажа. Така беше планот и оваа година, но не може планови изгледа да се прават. Не беше таков планот, ама се сменија работите заради ковид-ситуацијата. Да се простам пред празни трибини, ќе беше лошо. Не инсистирав само јас, туку и мојот клуб, затоа што имам добра сезона, изјави Лазаров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This