March 28, 2024, 11:04 am

НЕ САМО ШТО НЕ Е ОБВИНЕТ, НЕ Е НИТУ СВЕДОК: Докторите го повлекоа Никола Тодоров од сведок во случајот за Тамара Димовска, мајката инсистира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го предложиле, па го повлекоа. На листата сведоци повеќе не е екс министерот за здравство Никола Тодоров бидејќи обвинетите се откажаа од голем број на нивни сведоци меѓу кои и Тодоров. Ова беше прифатливо и за обвинителот Анел Фидоски, но не за мајката. Судијата Марин Станев само го констатираше барањето на адвокатите, пренесува Телма.

На денешното рочиште сведочеше матичната докторка на Тамара и правник од велешката болница. Матичната Розета Босилкова потенцираше дека последен пат тамара била донесена седум месеци пред да почине. Според обдукцијата рече, девојчето починало од бронхопневмонија. Татјана Атанасова пак потврди дека во велешката болница нема пулмологија, а на интензивна нега Димовска не била пациент.

9- годишната Тамара Димовска умре чекајќи државата да и одобри лекување во странство од сколиоза. На обвинителна клупа се доктори од двете комисии и екс директорите на фондот за здравствено. Во тоа време министер беше Никола Тодоров па во кривичната која ја поднесоа родителите и хелсиншкиот комитет го имаше и него. Обвинителството не пронајде елементи за вина кај него но ги обвини лекарите и директорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This