НЕ СЕ ВО KAPAНТНИН: Петмина македонски државјани кои работеле во Кина вчера се вратиле во земјата преку граничниот премин Деве Баир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петмина македонски државјани кои работеле во Кина вчера се вратиле во земјата преку граничниот премин Деве Баир. Немале никакви симптоми на опасниот корона вирус. Граничната полиција повикала епидемиолог кој им направил анкета, биле прегледани и добиле решение за здравствен надзор каде да побараат лекарска помош доколку се разболат. Министерот Филипче вели дека досега во Македонија не влегол ниту еден сомнителен случај а дијагностичките тестови за вирусот ги очекуваат за неколку дена.

Medical staff in protective outfits as a precautions of potential Middle East respiratory syndrome (MERS) coronavirus outbreak is seen at the Kwong Wah Hospital in Yau Ma Tei. 02JUN15

– Имаме договор со српското министерство за таму овие денови да праќаме анализи за проверка, но досега немало потреба за ниту еден патник, граѓанин, пациент да правиме анализа, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче тврди дека освен на скопскиот аеродром, надзор имаат на сите гранични премини во државата. Но вели дека кај нас е многу мал бројот на патници кои доаѓаат од Кина.

-По препорака на кинеската амбасада, оние работници кои се ангажирани кај нас, нема да се вратат, препорака од амбасадата е да останат и да не патуваат и во други европски земји, вели Филипче.

Во случај да има сомнителн случај на корона вирус, здравствените власти велат дека системот бил подготвен и сите знаеле како треба да постапат. На Инфективна има соба за изолација а во клиниката пациентот ќе го внесат преку посебен влез.

-Но нема простор за паника, смртноста е многу помала од другите корона вируси како Сарс и Мерс, на овој е само 3 процвенти, за разлика од САРС со 9,6 проценти. Оние кои починале се со намален имунитет, со хронични болести, нема млади лица, вели Филипче.

И додека Филипче вели дека се подготвени и нема простор за паника, од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори од министерот како ќе функционира системот ако се појави корона вирус?

-САД објавија дека сите патници кои што ќе допатуваат од Кина ќе бидат во обврзен карантин во период од 14 дена. Останатите земји воведуваат превентивни мерки.

Кај нас министерот за здравство Венко Филипе уверува дека надлежните институции се подготвени за справување со корона вирусот. Но, не кажува како, не дава детали што се важни за секој пациент. Кој е начинот за постапување при симптоми сомнителни за корона инфекција, стои во реакцијата на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска е регистриран прв смртен случај од корона вирус надвор од границите на Кина. Починал 44 годишен пациент на Филипините. Досега има над 300 починати и повеќе од 14 000 заразени со корона вирусот кој од Вухан се прошири речиси на сите континенти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This