April 19, 2024, 11:11 am

НЕ СЕ ГРИЖЕТЕ ПЕНДАРОВСКИ Е СИГУРЕН: Ниту Заев не верува дека го следеле странски служби, граѓаните само сакале да му го сликаат ,,југото”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На новинарско прашање дали претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е безбеден со оглед на тоа што тој изјави дека го следат одредени служби, Заев потенцира дека Пендаровски е безбеден. Утврдено е, посочи, дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози.

Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни, посочи премиерот.

Како што информираше Пендаровски, тој вчера во попладневните часови во СВР Скопје поднел пријава на записник и чека надлежните служби во наредниот период да го одработат тоа што треба.

Ако ме прашавате понатаму што јас знам повеќе за тоа – не знам, изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјава дадена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања од крајот на јануари кој зборувал за следење на јавни личности, па дури, посочи Пендаровски, на великодостојници на МПЦ, од некои параструктури.

Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам, рече Пендаровски.

Неговиот впечаток е дека е следен, но, како што рече, сака официјален орган да му каже дали е тоа точно и се разбира, дали е само тој предмет на следење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This