НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ ЈА ИМА ВЛАСТА ВО МОСКВА: „Единствена Русија“ на Путин изгyби третина од пратеничките места во московската Дума

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската владејачка партија „Единствена Русија“ поддржана од претседателот Владимир Путин изгyби околу третина од местата во московскиот Парламент и засега не се знае кој ќе ја има властта во главниот град на Русија.

Според првичните резултати, по преброени 99,47 отсто од гласовите, од вкупно 45 места во московската Дума, „Единствена Русија“ освои 28, Комунистичката 14, „Јаблоко“ и „Правична Русија“ три.

Одзивот на вчерашните избори бил прилично низок и според Централната изборна комисија изнесувал само 21,69 отсто.

Во Русија вчера беа спроведени и локални и регионални избори, па во различни региони гласачите избираа гувернери, законодавни собранија, градски парламенти и градоначалници. Првичните резултати покажуваат јасна пoбeдa уште во првиот круг за кандидатите на власта во 16-те региони каде се избираа гувернери. Премиерот Дмитриј Медведев изјави дека партијата „Единствена Русија“ ја сочувала водечката позиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This