April 16, 2024, 11:05 pm

НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЗАКОНОТ ЗА АЛБАНСКИ ЈАЗИК: Села се сретна со Бејли, на маса ултиматумот од сто дена

Поврзано

- Advertisement -
Села имал средба со Бејли и го информирал амбасадорот Бејли за улогата на ДР-ДПА во владеењето во реформската Влада на Република Македонија, придонесувајќи да новата влада што порано ги исполни сите реформи.
- Advertisement -

Претседателот на ДР-ДПА Зијад Села и генералниот секретар Арбен Таравари, вчера се сретнаа со американскиот амбасадор Џес Бејли.Според партиското соопштение, тема на разговорот биле политичките случувања во земјава, пренесува „Ина“.

Претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села го информирал амбасадорот Бејли за улогата на ДР-ДПА во владеењето во реформската Влада на Република Македонија, придонесувајќи да новата влада што порано ги исполни сите реформи и приоритети во кои се вклучени и реформите во судскииот систем, медиумите како и донесувањето на Законот за албански јазик.

Раководството на ДР-ДПА, исто така, го нагласиле политичкиот придонес во оваа фаза како и за време на формирањето на владата да им се даде можност на оваа влада, да работи за доброто на граќаните, фунционирањето на владеење на правото, политичка и економска рамноправност, зголемување на животниот стандард како и што поскора интеграција на земјата во евроатланските структури на ЕУ и НАТО“, соопштија од ДР-ДПА.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This