НЕ СЕ САМО „ШКОДИТЕ“ ЗА ПОЛИЦИЈАТА: Фирмата „Делукс Ауто“ добила и милионски тендер од општина Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Делукс ауто“, фирмата-донатор на СДСМ од Куманово го достигна зенитот на славата со добивање милионски тендер за набавка на „шкодите“ за МВР. Сепак, оваа зделка помеѓу споменатата фирма и СДСМ не е единствената…

Фирмата која е добитник на овој голем тендер е “Делукс-ауто“ од Куманово е блиска до СДСМ, а тоа се гледа не само по добиениот тендер од МВР, туку и низа на добиени тендери од општините кои се под власт на СДСМ. Ова не е прв пат да се појавува оваа фирма и нејзиниот сопственик Бобан Спасовски. Најголемите тендери што ги имаат добиено се од општина Куманово со која раководи СДСМ и која случајно или не е родното место на министерот Оливер Спасовски.

Според електронскиот систем на јавни набавки доволно е да се пребара “Делукс-ауто“ и може да се забележи дека добиле тендери од општина Куманово поточно од ЈП “Чистота и зеленило“ во вредност од над 6 милиони денари за набавка на резервни делови и поправка на патнички моторни возила.

Она што е симптоматично е што Општина Куманово ја има избрано фирмата која е во сопственост на сопругата на Бобан Спасовски “Делукс Турс ДОО“ за превоз на ученици со посебни потреби, но оваа фирма се јавува и како превозник на учениците од скопските училишта Владо Тасевски и на Средното медицинско училиште Панче Караѓозов.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This