НЕ СЕ СЕКИРАЈ, ЌЕ ТЕ ПОГАЛИ ФРЧКО: Зијанот во коефициентот на интелегенција на Геро!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш кога СДС е во потрага по извршител на најнелогичните работи, оние работи кои не се бранат, оние работи од кои се дистанцира секој кој има повисок од 80 коефициент на интелегенција, тогаш Фрчко се јавува на својата омилена невакцинирана пудлица за која знае дека е доволно да ја погали за оваа да го одработи тоа што се бара од нејзе

Таква луда пудлица во случајов е погалениот од Фрчко уредник Бранко Геровски, кој својата кариера ја изгради благодарение на добрата послушност кон неговите налогодавци Фрчковски и Доста Димовска.

Сега, кога треба да се одбрани Заев од она од што не може да се одбрани, повторно го погалиле па Геро во очаен обид вреска преку тастатура.

Уредникот на Плусинфо, полупропаднат проект на УСАИД и Сорос, обидувајќи се да ја пресмета денешната пазарна вредност на Мерцедесот и тежината на задачата истиот да се продаде, зборува за зијанот кој го направила претходната влада.

Притоа, истиот овој уредник заборава да го спомене зијанот со „домаќинскиот“ Мерцедес во кој се возеше првиот претседател Киро Глигоров, чиј обид за атентат имаше единствена цел, а тоа е во маглата околу инцидентот, а несметано од народот кој ден претходно најави масовни протести да биде прифатена референцата ФИРОМ од страна на Македонскиот парламент.

Според погалената луда пудлица, зијан била и Триумфалната капија која требало итно да биде срушен од страна на владата на Заев, бидејќи била израз на „комплекс на пониска вредност“, заборавајќи да спомене дека всушност зијан е фактот што цели 25 години власт под СДС, Македонија немаше ниту еден позначаен спортски резултат на меѓународно ниво, а оттаму ниту потреба за Триумфална капија.

Зијан биле и спомениците на Македонските дејци, легенди и трагедии, кои се поставени како вековници и паметници сведочејќи за Македонскиот идентитет. Ама, Геро бил погален да зборува дека треба да влеземе во НАТО без идентитет, па затоа му сметаат спомениците.

И тука не завршува беседата на Геро за зијанот. Тој продолжува да беседи врз маката на Заев, кој сега имал многу поважни задачи и дека немал доволно време ниту пари да ги направи овие „промени“. Да ги отстрани спомениците или да го продаде Мерцедесот. И сето тоа било затоа што буџетот бил празен. Ама, зијанот во оваа беседа е во точноста на информациите. Геро зијани со информациите кои му ги даде министерот во владата на Заев кој изјави дека во буџетот имало околу 200 милиони евра.

Зијан има, ама зијанот е во коефициентот на интелегенција на непогалената луда пудлица на Фрчко, на која одамна и поминал рокот за редовна вакцина.

 

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This