April 19, 2024, 10:59 am

НЕ Е СИГУРНО ДАЛИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ: БиХ и Црна Гора допрва ќе го утврдат својот став во врска со регионалната иницијатива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ кој присуствуваше на средбата на лидерите од Западен Балкан, денес на прес конференцијата, рече дека БиХ нема дефинитивен став за оваа инцијатива за регионална соработка на Балканот.

– Почесто и поефикасно да се среќаваме во државите од Западен Балкан. Имајќи во предвид дека БиХ не учествуваше во подготвување на оваа иницијатива, ги упатив моите колеги дека немаме дефинитвен став за оваа иницијатива. Потребно е БиХ да биде запознаена со оваа иницијатива, моделите врз чија база ќе се отстрануваат цариниските бариери. – рече Звиздиќ.
Тој рече дека Бих својот конечен став ќе го донесе во согласност со процедурите на земјата.

Слично мислење имаше и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

– Црна Гора е земја која е најблиску до целта за пристапување на ЕУ од сите земји во регионот. Ние сме една од земји потписнички на ЦЕФТА. Секоја иницијатива мора да се види од аспект дали дава придобивки за граѓаните, а и дека се забрзува нашиот пат кон ЕУ. Добра можност е за ова да зборуваме во Драч – рече Секулиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This