НЕ СИТЕ КОИ ВЛЕГОА ВО СОБРАНИЕТО БЕА ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Притворот на лицата од 27-ми април е само провокација,изживување и обид да се створи страв и да се скрши духот на Македонецот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Палевски истакна дека луѓето кои влегле во Собранието не биле сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку биле луѓе испровоцирани и навредени од постапките на одредени политичари во Собранието.

Македонскиот бизнисмен и поранешен екс партиски функционери од СДСМ, Љупчо Палевски во „Отворено студио“ на телевизија НОВА направи краток осврт во времето на еднопартискиот систем во Југославија и моменталната ситуација во Република Македонија. Тој го анализираше и го објасни настанот од 27-ми април таканаречен крвав четврток.

Палевски истакна дека луѓето кои влегле во Собранието не биле сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку биле луѓе испровоцирани и навредени од постапките на одредени политичари во Собранието. Тој додаде дека Зоран Заев не може да се нарешен социјалдемократ и дека неговата намера е да ја направи најголемата глупост од постоењето на овој народ а тоа е промена на уставното име на Република Македонија.

-Реакцијата од групирањето и нечесното однесување на албанските политички субјекти го испровоцираа македонскиот народ и таму излегоа луѓе кои не се ВМРО-ДПМНЕ. Не се сите ВМРО, претпоставувам дека имало голем број на членови, меѓутоа не можеш да кажеш дека тоа се членови на ВРМО-ДПМНЕ. Тие луѓе не се навлечени, тие луѓе се прогласени за терористи, и јас тврдам дека ако они се терористи, тогаш на Минчо Јорданов во комунизмот му штрајкуваа 10.000 работници во Железара. Во едноумие, во еднопартиски систем влегоа во Парламентот, се поганија и мокреа на истите столици и ниту еден од тие 10.000 луѓе кои влегоа во салата за пленарни седници, дури немаше ниту едно македонско знаме, револтот не беше воопшто етнички или национален и ниту еден не беше од нив прогласен за учество во топла, а камо ли пак за терорист, изјави Палевски

Според луѓето влегле во Собранието да пеат и да си ја бранат државата бидејќи биле испровоцирани и разочарани од одредена номенклатура на политичари кои насилно се обидела да се воспостави на власт во Република Македонија.

Вакво безобразно и насилно гонење на сите тие 30, 60 или утре ден може да бидат и 200 луѓе е уште една провокација на Македонецот, изживување на Македонецот, да се скрши неговиот дух, да се створи некаков страв, апатија да нема реакција во намерите на Димитров и Заев како тандем кој не се социјалдемократи, а имаат намера да ја направат најголемата глупост од постоење на овој народ а тоа е само промена на името, констатираше Палевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This