НЕ СИТЕ УМИРААТ КАКО МАЖИ: Последниот статус на ФБ на сега загинатиот Наип Реџепи – требало да биде претседател на ДУИ во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва е убиено во Мала Речица. Тој важел за еден од посериозните кандидати за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.

Последната објава на неговиот фејсбук профил е од 11 март на која пишува “Многумина се раѓаат Машки но малкумина умираат како Мажи”

Пукањето во Мала Речица вечерва не е прв пат во ДУИ со огнено оружје да се решаваат дебати и несогласувања. Пред три години, односно во јули 2015 година во кумановската населба Бедиње, беше убиен Џемаил Реџепи познат како Командант Шчипоња. Вечерва историјата се повторува. Најсериозниор кандидат за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Наип Реџепи, вечерва е убиен пред седиштето на партијата во Мала Речица. Случајно или не, двајцата членови на ДУИ кои се убиени имаат исто презиме. И двајцата важеле за најсериозни кандидати за лидери на партискиот огранок – едниот во 2015 година, другиот сега – пишува Република.

Во 2015 година медиумите пишуваа дека Командант Шчипоња негодувал околу изборот на тогашниот претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани, кој бил именуван од страна на Али Ахмети – потестува порталот.

Вечерва пак, како што објавија некои медиуми, причината за пресметката меѓу двете групи, од кои едната е блиска до поранешен пратеник и висок партиски фунцкионер, а другата се поврзува со актуелен член на Советот на Општина Куманово, е изборот на нов претседател на партискиот огранок на интегративците.Се шпекулира дека Наип според бил главен кандидат за претседател на кумановскиот огранок или за висока позиција во извршната власт.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This