НЕ СМЕЕМЕ ДА ПРИФАТИМЕ САМОУНИШТУВАЊЕ: Бојкот за да бидеме, онака ќе не снема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани пријатели од СДСМ, од НАТО и од ЕУ – огромен процент од современите Македонци и одговорни граѓани на Република Македонија разбираат дека реалната политика сведочи дека Република Македонија веќе ДЕ ФАКТО е интегрирана во системите на НАТО и ЕУ. Без разлика дали на некого тоа му се допаѓа или не, тоа е фактичка и реална состојба!

Да, недостасува и оној ДЕ ЈУРЕ чекор, оној формален, но битен чекор на официјално интегрирање во овие наднационални структури. И тој чекор ќе се направи, НО НЕ ПРЕКУ ПРЕДАВСТВО И САМОУНИШТУВАЊЕ! Не преку договор кој НЕ ЗАТВАРА ТУКУ ОТВАРА многу болни состојби и понижувања за македонската држава и народ! Всушност, внимателно збор по збор прочитајте го договорот Заев – Ципрас таму е опишан целиот процес на нашето САМОУБИСТВО и ПОНИЖУВАЊЕ!

Почитувани пријатели од НАТО и од ЕУ, ако навистина сакате да бидеме и останеме искрени пријатели и сојузници треба да разберете дека МАКЕДОНСКИОТ НАРОД не смее да го прифати своето САМОУНИШТУВАЊЕ и ПОНИЖУВАЊЕ!

Да, сите реални и одговорни Македонци знаат дека мора да направиме историски договор со нашите пријатели од Грција со кој ќе ги излекуваме раните од минатото и ќе отвориме перспектива за заедничко сојузништво. Тоа мора да го направиме и до договор втемелен на европските принципи и вредности МОРА да дојдеме! Да, но до таков ДОГОВОР, а не до овој сегашниот договор кој е ПРОБЛЕМАТИЧЕН од многу аспекти и во исто време НЕ ЗАТВАРА ТУКУ ОТВАРА процеси за сериозни проблеми, конфликти и турбуленции во нашиот немирен балкански регион!

Почитувани МАКЕДОНЦИ и одговорни граѓани на Република Македонија понудениот „консултативен“ референдум од сегашната Влада на РМ за прифаќање на понижувачкиот договор Заев – Ципрас со сета капитулантска содржина во него МОРА ДА СЕ БОЈКОТИРА! Значи, далеку од тоа да се гласа „ЗА“, но далеку од тоа и да се гласа „ПРОТИВ“ затоа што договорт Заев – Ципрас не заслужува ВАШЕ внимание! Заслужува само игноранција и БОЈКОТ! Заслужува ДА ПРОПАДНЕ!

Заслужува да остане само тажен историски спомен за обид за наше САМОУБИСТВО!
Заслужува да биде и убав спомен кога МАКЕДОНЦИТЕ обединето и решително одбија да се САМОУНИШТАТ! Заслужува да биде и пример за тоа како во Република Македонија се заштитуваат европските вредности и принципи! Заслужува да биде и доказ дека современите Македонци знаат да го ценат своето достоинство, но знаат и да бидат одговорни, реални и морални политички „играчи“ на регионалната и глобалната политичка сцена!

СО БОЈКОТ на референдумот нашите пријатели и сојузници уште повеќе ќе не почитуваат и вреднуваат, а нашите непријатели ќе не ценат и уважуваат!

ПАРАДОКСАЛНО, но крајно реално, СО БОЈКОТОТ на референдумот побрзо ќе влеземе и официјално во НАТО И ЕУ затоа што по БОЈКОТОТ нема да имаме скршен, понижен и демотивиран ТУКУ мотивиран и достоинствен македонски народ кој ќе сака да БИДЕ, кој ќе сака да биде ПОДОБАР, кој ќе има морална сила и искрен мотив да ги победи своите најголеми непријатели кои не ни дозволуваат вистински ДА ЧЕКОРИМЕ НАПРЕД!
А тие непријатели СЕ: корупцијата, партизацијата, неморалноста, продажноста, мрзливоста, себичноста, површноста…………….и така натаму!

ПО БОЈКОТОТ има шанси да БИДЕМЕ затоа и ќе БОЈКОТИРАМЕ!

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This