НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗЕМААТ ПАРИ ОД ОНИЕ КОИ НЕМААТ: Власта да ги скрати нeпродуктивните трошења кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Квази мерките на СДСМ оставаат илјадници граѓани без приходи. 33.000 работници во секторот туризам и угостителство, каде спаѓаат: хотели, ресторани, кафеани и кафулиња нема да добијат помош од државата за исплата на плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека наместо со реални мерки, СДСМ ги зaлажува граѓаните со импровизации. Мерките кои ги предложија стартуваат од април, март е непокриен, а тоа е месецот во кој почна kpизата.

Квази мерките на СДСМ се по принципот „Колку да се каже нешто“.

-Апeлираме да ја надминат својата сyета и надменост и да ги прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ за национален спaс.

Владата под итно да покрие 50% од платите на работниците. Не смее да се земаат пари од оние кои немаат. Власта да ги скрати нeпродуктивните трошења кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството.

Реализацијата на капитални инвестиции не смее да запре. Сите планирани инвестиции да се реализираат, со цел да се помогне на индустријата и градежништвото. Потребни се реални мерки и решителни чекори, а не импровизации, стои во партиското соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This