НЕ СТИГНАА ДА ГО СПРОВЕДАТ СЦЕНАРИОТО: Велигден им ги расипа плановите на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ се надева дека т.н. избор на претседател на Собранието ќе биде веднаш поздравен од страна на Европската Унија, што нема да биде никакво изненадување
sdsm-pratenika-grupa-640x302

Денеска е последен ден пред велигденските празници и неколкуте неработни дена.СДСМ за денеска планираше насила да избере претседател на Собранието но плановите им ги расипа претседавачот Трајко Вељаноски кој следната седница ја закажа за во вторник.. Сценариото на СДСМ веќе било подготвено и од „Бихаќка“ единствено се плашеле од реакцијата на граѓаните кои секојдневно се на улиците.

Како што дознаваме, во игра биле неколку варијанти кои биле добро разработени во кујната на „Бихаќска“ и кај албанските партии. Планот предвидувал новото парламентарно мнозинство да ја прекине седницата и неколкумина пратеници да застанат на говорницата и во име на претседавачот Трајко Вељановски да повикаат на гласање на точката за избор за претседател на законодавниот дом

Улогата на Вељаноски требало му биде доделена на најстариот пратеник во овој состав, Бранко Манојловски. И покрај очекуваната, реакција од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, новиот „претседател“ ќе бил избран набрзина со 69 гласа. Тоа најверојатно ќе беше Талат Џафери од ДУИ за кого граѓаните веќе се изјаснија дека е неприфатлив и го нарекоа тирански претседател.

sobranie-1

СДСМ се надева дека т.н. избор на претседател на Собранието ќе биде веднаш поздравен од страна на Европската Унија, што нема да биде никакво изненадување ако се знае дека официјален Брисел постојано бара избор на спикер и нова влада, иако челниците на ЕУ знаат дека тоа е спротивно на Деловникот.

Според Деловникот, најнапред треба да се изберат членовите на Комисијата за избори и именувања до која партиите можат да доставуваат кандидати за претседател на законодавниот дом, а дури потоа да се гласа.

СДСМ бара тоа да се прескокне и веднаш да се премине на точката за избор на претседател предложен од десет пратеници, што е спротивно од Деловникот. Тој утврдува дека треба да се исцрпат сите говорници за избор на Комисијата за избори и именувања, па дури потоа да се дискутира за предложените кандидати.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This