March 28, 2024, 10:01 am

НЕ СУМ ИМПРЕСИОНИРАН: Трамп испрати предупредувачко писмо до ЕУ пред самитот на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон сака своите сојузници во НАТО да ги зголемат своите воени трошоци и со тоа да го намалат товарот на САД.

Претседателот Доналд Трамп го повтори ова барање писмено го испратени до европските лидери пред претстојниот самит на НАТО во Брисел.

“Германија мора да потроши повеќе пари, Шпанија, Франција. Не е фер тоа што му го прават на САД”, изјави Трамп пред новинарите во петокот.

Берлин, од своја страна, смета дека е целосно на вистинскиот пат за да ги исполни своите обврски за одбраната.

По состанокот со нејзиниот американски колега, Џејмс Матис, минатата недела германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, рече дека Вашингтон е задоволен од планираното зголемување во одбранбените трошоци на Германија.
Белгискиот премиер Чарлс Мишел беше подеднакво дефанзивен, тврдејќи дека неговата земја “го прекина систематскиот пад на трошоците за одбраната и учествува во многу воени операции”.

“Не сум многу импресиониран од овој тип на писмо”, изјави Мишел за новинарите на работ на самитот на ЕУ во Брисел.

Со помалку од две недели до самитот на НАТО, личните писма испратени од претседателот Трамп до лидерите на Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург, Норвешка и Холандија можат да ги влошат постојните тензии помеѓу САД и нејзините европски сојузници, кои се веќе затегнати по неодамнешниот самит на Г7 во Канада.

Претседателот Трамп во неколку наврати ги критикуваше своите сојузници на НАТО дека не прават доволно за да ја исполнат својата обврска да потрошат два проценти од нивниот национален БДП за одбрана до 2024 година.

Европските сојузници ги зголемуваат трошоците за одбраната како одговор на барањата на Вашингтон.

Освен нивните обврски за трошење од два проценти, тие исто така постигнуваат напредок во нивниот договор да потрошат најмалку 20 проценти од годишните трошоци за одбрана на воглавно нова опрема до 2024 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This