НЕ СУМ ЈАС ГУВЕРНЕР НА ВАШАТА КОЛОНИЈА: Филипинскиот претседател Дуерте ги прекинува врските со САД и се врти кон Кина и Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филипинскиот лидер Родриго Дуерте изјави дека сака кон неговата земја сите да се однесуваат со достоинство

zname_amerika

Претседателот на Филипините Родриго Дуерте рече дека нема да дозволи САД да ја третираат неговата земја како колонија.
„Се работи за начинот на кој тие се однесуваат. Не третирате нас како сеуште да сме ваша колонија? Мора да се шегувате. Зошто тоа би го дозволил, зошто би дозволил да ме третирате како да сум ваш гувернер на колонијата? Ние сме независна земја. Ќе преживееме и ќе издржиме. Можеби ќе бидеме гладни, но овој пат сакам мојата земја да ја третираат со достоинство“, рече Дуерте во интервју со руските медиуми.

Тој исто така ја коментираше лицемерноста на западните земји.

„Лично немам ништо против Америка. Тоа е нормална земја. Доналд Трамп е мој пријател. Но ние ја променивме надворешната политика. Претходно бевме прозападна земја. А сега заклучивме работен сојуз со Кина и се надевам дека и со Русија исто така ќе успееме да воспоставниме добра работна соработка. Зошто? Затоа што целиот западен свет – земјите на Европската Унија и сите останати – се однесуваат лицемерно“, истакна Дуерте.

Дуерте претходно даваше некои остри изјави во врска со САД. Во октомври изјави дека е време САД да се опростат од користењето на филипинската земја за воени бази, што беше гарантирано со договор кој го потпиша претходникот на Дуерте. Во ноември Дуерте изјави дека Манила има намера да соработува со Москва и Пекинг порадо отколку со Вашингтон, но не е исклучено соработка со новиот претседател на САД Доналд Трамп.

На крајот на април, Трамп и Дуерте одржаа телефонски разговор во кој претседателот на САД го повика својот колега да го посети Вашингтон. Дуерте, подоцна изјави дека не можел да даде „дефинитивно ветување“ дали ќе го прифати повикот или не.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This